Кумановецот Дарко Петковски, познат во јавноста како Дарко Спејко, не успеа да влезе во политиката, но затоа пак во приватниот живот на љубовно поле секојдневието му е исполнето со рози и пријатни изненадувања со неговата партнерка Хрисанта Монева.
Од вчерашниот празник на вљубените, таа сподели фотографии од интересните подароци кои ги добила од Дарко, појаснувајќи дека тој е најдоброто момче.
Рози, колачи во форма на срце и еротска долна облека беа подароците со кои се пофали избраничката на Дарко, кој работи како професор по физичко воспитување во основно училиште во Куманово, а на последните Локални избори реши да си ја проба среќата и како политичар, односно советник.
Како што раскажа тогаш за „Фокус“, со цел да му даде поддршка на градоначалникот Максим Димитриевски, тој се кандидирал за член за советник на независната листа, чиј носител беше Ивана Ѓорѓиевска.
Дарко беше под редниот број девет, и влезот во Советот му побегна ,,за влакно”, бидејќи од листата влегоа само осум советници.
Тврдеше дека се решил за влез во политиката бидејќи сакал да донесе промени и напредок во спортот.
Освен што е професор по физичко воспитување, тој е и спортски директор на КК Куманово, а во регионот е познат како учесник и победник во реални шоу програми, но и музичар.
Вики Клинчарова