446
Полицијата пронашла тела на три новороденчиња во подрум на семејна куќа во селото Черники, Полска.
Државниот обвинител во саботата потврди дека е уапсена жена (20) која е осомничена за убиство, но и за инцест.
Германските медиуми јавуваат дека истрагата се води и против нејзиниот татко (54).
Во петокот вечерта, полицијата пронашла мртво новороденче во село југозападно од Гдањск. По дополнителен претрес на куќата, полициските службеници пронашле уште едно тело на бебе во поодмината фаза на распаѓање.
Полицијата на крајот го пронашла и третото мртво бебе, по што проговорил државниот обвинител.
Заднината на злосторството се уште е нејасна.