Во Питсбург се урна мост неколку часа пред посетата на Бајден

by Fokus
Во американскиот град Питсбург се урна мост само неколку часа пред тој град да го посети американскиот претседател Џо Бајден, јавуваат американските медиуми. За среќа, при уривањето на мостот, кое се случило во 7 часот по локално време, никој не е повреден.
Локалните власти веднаш по уривањето на мостот го предупредиле населението да не се приближува до мостот поради „силниот мирис на природен гас“. Гасоводот во меѓувреме е затворен.

 

 

Интересно е тоа што Бајден во Питсбург, град во сојузната држава Пенсилванија, требало да зборува токму за лошата состојба на инфраструктурата. Пенсилванија има 3.353 моста во лоша состојба, по што е втора најлоша американска држава.

Според предлог законот кој го поддржуваат и демократите и републиканците, Пенсилванија во следните две години би требало да добие 1,64 милијарди долари сојузна помош за обнова на мостовите.

Со програмата за обнова на американските мостови, предвидена со тој закон, на реновирање на мостовите би требало да се потрошат околу 27 милијарди долари низ САД.

Поврзани новости