683
Дипломатите од земјите членки на Европската унија утрово се состанаа во рамките на телото за проширување во Советот на ЕУ, за да разговараат за нацрт-преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија како главна тема на дневен ред, објави МИА.
МИА, повикувајќи се на свои извори, наведува дека Бугарија била „гласна“ на денешниот состанок за прашањата, како јазикот, на пример, кој во предлог рамката е јасно именуван како македонски јазик.
Инаку МИА јавува дека во петок продолжуваат дискусиите на техничко ниво во ЕУ, а земјите-членки во наредниот период планираат темелно да ги разгледуваат и предлог рамките и методологијата, со надеж дека до ноември ќе постигнат компромис.