569
Посмртните останки на 45-те загинати во сообраќајната автобуска несреќа во Бугарија во петок ќе бидат пренесени во Македонија со организиран авионски лет, информираа денеска од Вадата.
-Телата ќе бидат пренесени откако утре, како што се очекува, ќе биде завршена обдукцијата на телата според информациите на Бугарското обвинителство, одговорија од Владата.
Оттаму додаваат дека телата на загинатите, според државен протокол ќе им бидат предадени на семејствата.