Во Пехчево е уапсен крадец од Велес – однесен е во затвор

by Fokus

МВР информирира дека вчера во 17.40 часот на ул. „22 Декември“ во Пехчево, Оперативен тим – Потраги го лиши од слобода Н.Б.(37) од Велес.

За него била распишана централна потерница по добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје.

Тој е осуден на казна затвор во времетраење од една и пол година за сторено кривично дело „тешка кражба“, по член 236 од Кривичниот законик.

Н.Б. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Поврзани новости