Најмалку шест полицајци загинаа, а 10 се ранети во експлозија на бомба покрај пат во северозападен Пакистан, соопштија официјални лица.
Бомбата експлодирала покрај комбе во кое се наоѓале полицајци задолжени да ги заштитат работниците кои спроведуваат кампања за имунизација против детска парализа, пренесува АП.
Нападот се случил во поранешното упориште на пакистанските талибанци, Мамунд, во провинцијата Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан, изјави полициски претставник.
Кампањата за имунизација е прекината во областа каде што се случи нападот, а ќе продолжи и во другите делови на земјата.
Кампањите за имунизација против детска парализа во Пакистан редовно се нарушени со насилство.
Исламските милитанти често ги напаѓаат тимовите за имунизација и полицијата задолжена да ги заштити, тврдејќи дека вакцинацијата е дел од „западниот заговор за стерилизирање (пакистански) деца“.
Никој веднаш не ја презеде одговорноста за нападот, кој се случи неколку часа откако властите ја започнаа првата кампања за вакцинација против детска парализа оваа година.
Пакистан и Авганистан се единствените земји во светот каде детската парализа сè уште е ендемична болест.