Во Пакистан во две несреќи загинаа над 50 жители

by fokus

Десет деца загинаа, а седум се повредени при превртување на чамец на езеро во северен Пакистан во неделата, соопшти полицијата.

Бродот превезувал 25 до 30 студенти кога се превртел на браната Танда Кохат, езеро во провинцијата Хајбер Пахтунхва. Спасувачките операции продолжуваат, соопшти полицијата.

И покрај тоа што во земјата често се случуваат масовни давења, поради преоптоварените, дотраени пловни објекти кои се превртуваат во нејзините води, многу луѓе во Пакистан не можат да пливаат.

Жените се особено ранливи во овие ситуации бидејќи тие обично носат облека со целосна покриеност, што ги тежи во водата, а конзервативната култура ги обесхрабрува да научат да пливаат, јавува Си-Ен-Ен.

Да биде трагедијата поголеми, во Пакистан се случи уште една несреќа во која има голем број жртви.

Како што јавуваат медиумите, во автобуска несреќа во јужен Пакистан загинале 41 лица.

Поврзани новости