Во „Орце Николов“- нема бомба, лажната дојава содржела смртна закана со поставен експлозив

by Fokus

Директорот на скопската гимназија „Орце Николов“ изјави дека завршила проверката на безбедносните единици во објектите на училиштето и не била откриена никаква експлозивна направа.

Тој за „Телма“ вели дека на службената имејл адреса пристигнала порака со вознемирувачка содржина.

„Моравме веднаш да интервенираме, бидејќи пораката беше дека е поставена бомба на територијата на училиштето“, ни изјави директорот.

Поврзани новости