Во Општина Крушево запишани 80 првачиња, во градот само 31

by Fokus

Учебната година започна вчера, а многу од помалите градови во Македонија се соочуваат со мали бројки на запишани првачиња.

Со таков проблем се соочува и Крушево долги години наназад, а оваа година на ниво на Општина Крушево се запишани 80 деца во прво одделение, а во градот само 31. Тие се поделени во две паралелки, од 15 и 16 дечиња.

„Оваа бројка во градот Крушево е идентична десетина години наназад. Тоа секогаш се движело од 25 до 40 дечиња запишани во една учебна година. Овие бројки се должат на иселувањето од градот, слабиот наталитет и многу други фактори кои влијаат врз младите луѓе“, ни изјави директорката на ОУ „Никола Карев“, Оливера Чавкароска.

Според последниот попис во 2002 година, во Општина Крушево се регистрирани 5507 жители, а таа бројка низ годините е значително намалена.

Фото – ОУ Никола Карев – Крушево

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости