Во Општина Гостивар во самоизолација 18 лица

by Fokus

На подрачјето на Општина Гостивар 18 лица кои изминативе денови допатувале од земји каде е регистиран корона вирус се во самоизолација.

Полициски извори ја потврдија информацијата и нагласија дека три од лицата кои се под надзор имаат решенија од здравствените власти да бидат во самоизолација, а останатите 15 имаат препорака да ги почитуваат превентивните мерки.

Градоначалникот на Општината, Арбен Таравари на денешната прес – конференција напомена дека на состанокот на кризниот штаб добил информација дека на подрачјетото на Општина Гостивар има извесен број лица кои се под контрола. Тие деновиве допатувале од Италија, Шпанија, Германија.

– Можеби некои од нив се движеле надвор, но во меѓувреме се предупредени и наложено им е да останат во домовите. Според она што ми беше кажано, тие се под целосна контрола на полицијата и надлежните институции. Упатувам апел да ги почитуваат мерките, бидејќи на таков начин ќе помогнат во надминување на состојбата, рече Таравари.

Тој нагласи дека иако ситуацијата е сложена, нема простор за паника.

Поврзани новости