453
Граѓаните на општина Аеродром од понеделник до 16 март ќе може да ги поднесуваат годишните даночни пријави за 2017 година во просториите на општината.
– УЈП обезбеди просторија во Општината и свој кадар што ќе го врши приемот на ПДД – ГДП пријавите, обрасци достапни на граѓаните и доставувач кој ќе ги презема примените пријави, со цел доближување на услугите до граѓаните, се вели во соопштението од општината.
Канцеларијата на УЈП во општината ќе работи во две смени од 08 до 18 часот.