Во октомври за прв пат македонски претседател ќе оди во официјална посета на Грција

by fokus

Преседателот Стево Пендаровски во интервјуто за 360 степени најави дека на петти октомври ќе оди во официјална посета во Грција, што ќе биде прва официјална посета на македонски претседател кај нашиот јужен сосед.

-Сакам да највам дека на 5ти и 6ти октомври треба да се случи првата официјална посета на еден претседател на Северна Македонија на Грција. Еден интересен детал, ми понудија и средба со лидерот на опозицијата. Ги прашав тоа да не направи проблем со власта, но ми рекоа напротив, традиција е кога некој таков гостин доаѓа, да се сретне и со лидерот на опозцијата. Треба да научиме од тоа, рече Пендаровски.

Тој откри и дека собира белешки за пишување мемоари.

Поврзани новости