Во октомври за 55 отсто намален бројот на жртви во сообраќајни несреќи

by Fokus

Бројот на жртви на сообраќајниците во октомври 2021 година е за 55 отсто помал во споредба со истиот месец лани, соопштија денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски и претседателката на РСБСП, Гордана Кожувароска на одбележувањето на 15 ноември – Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи.

Ангеловски им се заблагодари на мнозинството граѓани кои се приклучија во напорите да обезбедиме што е можно побезбедни патишта, како и на полициските службеници, кои секојдневно даваат придонес за безбедноста на патиштата.

– Во октомври оваа година имаме пет жртви во сообраќајните несреќи, а во октомври минатата година имало 11. Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со интензивните активности за овие бројки да се намалуваат и натаму и ги повикувам и оние граѓани кои досега не ги почитуваа правилата да ни се приклучат и сите заеднички да обезбедиме безбедни патишта, рече денеска Ангеловски.

Поврзани новости