Работник од Кина на возраст од 40 години се здобил со тешки телесни повреди вчера, додека извршувал работни задачи на автопатот во изградба Охрид – Кичево, во близина на село Оровник.
Од СВР Охрид за ,,Фокус”, потврдија дека мажот со иницијали Ш.Ч. стоел врз метална арматура која се скршила, и се здобил со повреди и скршеници на граден кош и ребра.
-Од специјалната болница Свети Ерзамо во Охрид било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ш.Ч. (40) од Кина, кој се здобил со повредите при извршување на работни задачи. Увид извршиле екипа од СВР Охрид и трудов инспектор, информираат од СВР Охрид.
Од таму, немаат повеќе информации околу тоа дали и колкав број на кинески работници се ангажирани на работата околу автопатот, ниту дали станува збор за физички работник или пак евентуално за стручно лице, координатор или инженер.
Вики Клинчарова