499
Во близина на плажа во Струга, во водите на Охридското Езеро вчера била пронајдена давеникичка.
Од СВР Охрид соопштија дека по увидот било констатирано дека се работи за 67-годишна жена од Ресен.
„Во ОВР Струга, вчера во 15 часот и 25 минути е пријавено дека, во водите на Охридското Езеро, во близина на плажа во Струга, забележано е безживотно тело. Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за Ф.С.(67) од Ресен“ рече портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Доктори од Здравствениот дом – Струга констатирале смрт без траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.