215
Македонската и унгарската Влада во моментов имаат заедничка меѓувладина седница во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно утрово имаше куса тет-а-тет средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој синоќа пристигна во Охрид.
По меѓувладината седница најавена е прес-конференција на двајцата премиери.