167
Полицијата во Охрид ноќеска уапсила 55-годишен велешанец кој бил пријавен дека ја нападнал неговата 21-годишна партнерка, при што го удрил и нивното бебе.
-На 03.05.2026 во 01:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода (55) од Велес, кој престојува во Охрид, постапувајќи по пријава од неговата 21-годишна невенчана сопруга дека во домот во кој престојуваат во Охрид физички ја нападнал, а притоа го удрил и нивното бебе- се вели во полициското соопштение.
По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.