Професорот на Државниот тетовски универзитет Аслан Биљали, кој бил ментор на докторскиот труд на министерот за образование Арбер Адеми, испрати јавно писмо во одбрана на Адеми откако просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски констатираше дека изборот на министерот за образование во доцент на универзитетот бил незаконски, бидејќи, според него, тој истовремено вршел јавна функција.
„Колегата Арбер Адеми бил еден од моите најдобри студенти во редовните и докторските студии, за што говорат не само неговиот просечен успех туку и неговиот докторски труд со наслов: „Решавањето на трговските спорови пред меѓународната трговска арбитража, како особен научен придонес во меѓународно-правната наука на албански Јазик“. Не му е прв пат, на државниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски јавно да се занесе со лични ставови и тоа пред окончување на постапките, за наводни нерегуларности со нецелосно утврдена фактичка состојба, а кои не се официјален став на институцијата во која е вработен како просветен инспектор, при што, во ова пригода, сосема кратко треба да се посочат, изборите во звања на колеги од другите правни факултети додека биле функционери, а во кои случаи, личните и самоиницијативните ставови на посочениот инспектор биле спротивно окончани од МОН. Но за тоа, поопширно во друга пригода. Во ова пригода, сосема кратко, на моите преставки поднесени порано (кога на власт беше друга политичко-партиска гарнитура) до оваа институција за законски контроли на предвремено стекнати професорски звања, посочениот “самостоен” инспектор, писмено ме информирал да барам “мислење и автентично толкување од Собранието”. Затоа, и ќе привршам со констатацијата дека, во нашата држава, во високото образование доминира политиката, и во зависност од тоа кој е на власт, случаите не се расчистуваат, а посочениот “самостоен” инспектор кој работел на мои преставки, не ме убедил воопшто дека “е силен” пред законите“, се наведува во писмото на Аслани.