Во Обвинителството стигнала кривичната против телохранителот на Мицкоски

by fokus

Во обвинителството денеска стигнала кривичната пријава за случајот со нападот врз полицаец кој бил извршен од страна на друг полицаец кој бил ангажиран во обезбедувањето на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.

-За инцидентот денеска е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје и по неа се постапува, велат од Обвинителството.

Обезбедувач веднаш е разрешен од обврските во ВМРО-ДПМНЕ, а техничкиот министер Панче Тошковски денеска изјави дека случајот е расчистен и дека нападот се случил откако завршила анти-дрога акцијата на полицијата, од која дел бил и нападнатиот полицаец.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, обелодени дека Секторот за внатрешна контрола ја завршил постапката, но и потврди дека припадниците на МВР ја завршиле акцијата пред нападот од телохранителот.

Поврзани новости