Во Њујорк повторно дозволено оружје на приватен имот

by Fokus

Американскиот федерален суд денеска ја блокираше одлуката на државата Њујорк да го ограничи носењето оружје на приватен имот во согласност со законот усвоен по јунската одлука на Врховниот суд на САД, со која беше укинат строгиот режим за носење оружје во државата.

Со одлукатата на американскиот окружен судија Џон Синатра во округот Бафало се укинува одредбата од законот според која е кривично дело поседувањето огнено оружје на чиј и да е приватен имот за лиценциран сопственик на оружје, освен ако сопственикот на имотот не го дозволи тоа со знак или изразена согласност.

Поврзани новости