Во Нов зеланд жена починала откако примила вакцина „Фајзер“

by Fokus

Нов Зеланд денеска соопшти дека жена починала откако ја примила вакцината „Фајзер“ против ковид-19.

– Ова е прв случај во Нов Зеланд во кој смрт настапила во денови по вакцинацијата и се поврзува со вакцината на Фајзер против ковид-19, соопшти Министерството.

Независна комисија за следење на безбедноста на вакцините против ковид-19 утврди дека смртта на жената се должи на миокардит, редок несакан ефект од вакцината на „Фајзер“ против ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Според комисијата, миокардитот најверојатно бил предизвикан од вакцинацијата.

Поврзани новости