„Во нормални држави, за случаи како скандалот на Онкологија, владите поднесуваат оставки“

by Fokus

Полициската акција на Клиниката за Онкологија, според сите индиции, ќе извади на површина скандал од трагични размери. Веќе е јасно дека здравството е криминализирано. Демократското Движење се надева дека овој скандал од нечовечки размери нема да го има истиот епилог како оној на Модуларната болница во Тетово, кој Правдата го заклучи со смешни, ако не и апсурдни „казни“. Злоупотребите во оваа клиника укажуваат на запоставување на надлежните органи, иако претходно имаше предупредувања дека на Онкологија човечноста починала, а за тоа сведочат злоупотребата на терапии и трговијата со лекови, се вели во соопштението од партијата Демократско Движење.

Оттаму порачуваат дека „ова е последен момент за надлежните органи, односно Министерството за Внатрешни Работи и Обвинителството да го покажат своето вистинско лице и сите виновници да ги изведат пред правдата, бидејќи нашите болници стануваат центри на убивање луѓе, а не центри каде се спасуваат животи. Значи здравството се распаѓа сериозно. За жал, владеењето на СДСМ и ДУИ одамна е излезена од контрола, оставајќи простор за античовечки дејствија и луѓе од власта кои не се заситуваат од крадење и злоупотреба насекаде, вклучувајќи ја и оваа злоупотреба на лекови за болните од рак“.

„Во нормални држави за вакви случаи владините кабинети даваат неотповикливи оставки. Но, за жал, такво нешто не може да се очекува од оваа неморална влада“ велат од партијата на Изет Меџити.

Поврзани новости