Во автобусот со македонски регистерски таблици што ноќеска се запали во Бугарија, според првичните информации, патувале 52 патници и возачот, изјави за БТВ директорот на Националната полиција на Бугарија Станимир Станев.
Според Стаев, македонскиот автобус синоќа во 21 часот влегол во Бугарија од граничниот премин „Капитан Андреево“. Тој патувал преку автопатот „Тракија“, а потоа преку автопатот „Струма“ до границата со Северна Македонија во правец на граничниот премин Ѓуешево, од каде морал да ја напушти Бугарија. Според Стаев, се уште се работи на утврдување на причините за пожарот во автобусот.
Тој потврди дека загинале 45 македонски државјани, а 7 преживеале. Трагично е, додаде Стаев, што меѓу загинатите има и деца, дури и двајца близнаци близнаци. Преживеале две жени и двајца мажи кои се пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија.
Засега ништо не може да се каже за причините, немало друг учесник во несреќата, а заштитните огради го чувале автобусот да не испадне од делницата. Случајот го истражува Националната истражна служба поради големиот број жртви. Утврден е идентитетот на сите патници кои поминале гранична контрола при влез во Бугарија.