Во несреќата во Илинден има починато лице, потврдија од противпожарната бригада

by Fokus

Во несреќата во Илинден има починато лице, потврдија за ” Фокус” од скопската Бригада за противпожарна заштита.

„ Има загинато лице, според првични информации од струен удар на вагон”, информираа од таму.

Како што претходно објавивме, од министерството за внатрешни работи за “Фокус” ја потврдија информацијата дека од страна на малолетни деца е опожарена цистерна, во која најверојатно имало малолетно женско лице, кое починало.

“Во 21.05ч. во ПО-Петровец С. К. пријавил дека во населба Илинден кај железничката станица, складиште на Макпетрол од страна на малолетни лица опожарена е цистерна. Двете малолетни деца се кај него дома и по обавениот разговор со децата посочено е дека на цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато.

И.М.

 

 

Поврзани новости