572
Иранските власти го укинаа пристапот до интернет во неколку провинции, еден ден откако на социјалните мрежи беше објавен повик за нови протести.
Роднините на убиените за време на минатомесечните протести поради зголемувањето на цената на бензинот и други лица вчера објавија постови за утре да се обноват протестите и да се организираат комеморации за загинатите.
Според неименуван извор во иранското Министерство за комуникации и информатички технологии укинат е пристапот до интернет по наредба на безбедносните власти во провинциите Алборз, Курдестан и Занјан, во централниот и западниот дел на Иран и во Фарс, во јужниот дел од земјата.
Во ноември во Иран беше укинат пристапот до интернет околу една недела со цел да се задушат протестите.