58
Маж од Скопје, кој бил баран со потерница, вчера бил приведен на улица во Неготино. Како што информираат од СВР Велес, лицето било барано за издржување на казна затвор во рок од вде години, поради сторено дело насилство, а го привлеле полициски службеници од ОВР Неготино.
-На 13.03.2024 во 09.15 часот на улица „Гоце Делчев“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле Б.Р.(38) од Скопје, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од две години за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик- соопштија од СВР Велес.
Додаваат дека лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје, за издржување на казната.
Вики Клинчарова