3
Во недела во Кавадарци ќе се одржи Кавадаречки полумаратон. Ова е седмо издание на настанот, кој секоја година привлекува се повеќе атлетичари од земјава, но и се поголем број на публика која ги бодри учесниците.
Ќе се трча во дисциплините полумаратон – 21 километар, како и на десет и пет на километри.
Пријавени се над 500 учесници, а во трката учество ќе земат и околу 300 деца од шест основни училишта од градот.
Детската трка започнува во 11 часот, додека пак полумаратонот и атлетските трки на десет и пет километри започнуваат во 12 часот, од центарот на Кавадарци.
Зад Кавадаречки полумаратон стојат Општина Кавадарци и Атлетскиот клуб Меридијан.
Вики Клинчарова