Во недела Детска Евровизија, Мила фаворит во обложувалниците!

by Fokus

Во недела, на 24-ти ноември ќе се одржи Детска Евровизија во Гливице, Полска. Нашата претставничка Мила Москов која ќе настапи со композицијата ,,Fire” (Оган), веќе ја имаше првата проба, и високо котира на листите на обложувалниците.

Веднаш по објавувањето на песната, минатиот месец, таа ги собра симпатиите на обожавателите на музичкиот настан ширум светот.

Низа на позитивни критики беа објавени на музичкиот канал Јутјуб, под видеото, а не изостанаа и споредбите со музичката ѕвезда Сиа, според бојата на гласот, како и прогнозите за висок пласман. ,,Fire” е компонирана од Лазар Цветкоски, кој беше дел и од евровизискиот тим на Тамара Тодевска, додека пак текстот е на неговата сестра Магдалена Цветкоска.

Четиринаесет годишната Мила доаѓа од Прилеп. Носител на лиценцата за Јуниорски Евросонг 2019 е МРТ, од каде информираа дека се одлучиле таа да не претставува на манифестацијата бидејќи покажала дека има голем талент и одлични гласовни способности.

Вики Клинчарова

Поврзани новости