Во нашата Галаксија откриена планета што не би требало да постои

by Fokus

Нaјсветлата егзопланета некогаш пронајдена во нашата галаксија, LTT-9779b, има облаци од стакло и титаниум и е толку светла што изгледа како џиновско огледало во вселената. Посветла е и од светлата Венера, која рефлектира околу три четвртини од светлината што паѓа на неа. Оваа егзопланета, оддалечена 263 светлосни години од нас, е пеколно жешка, со температури кои достигнуваат 1827 степени Целзиусови. Тоа е најжешката температура некогаш видена на егзопланета од ваков вид.

„Замислете свет да гори блиску до својата ѕвезда, со тешки облаци од метал што врнат титаниум“, рече астрономот Џејмс Џенкинс од Универзитетот Диего Порталес во Чиле. Научниците дошле до ова откритие користејќи го сателитот Кеопс на Европската вселенска агенција.

Како што LTT-9779b орбитира околу ѕвездата, количината на светлина што ја емитува системот се менува. Кога планетата е пред ѕвезда, нејзината светлина слабее. Сепак, слабее и кога планетата е зад ѕвездата. Тоа е затоа што, каде и да е, светлината на егзопланетата ја зголемува вкупната светлина што ја емитува.

Користејќи ги овие информации, астрономите утврдија колку светлина емитира егзопланетата, односно нејзиното албедо. Албедо е број кој покажува колку светлина се рефлектира од површината на телото, односно го означува односот на рефлектираната светлина со онаа што паднала на телото. На пример, албедото на Земјата е 0,3 (одразува 30 проценти од сончевата светлина), Венера 0,75, а оваа чудна егзопланета дури 0,8.

Сепак, атмосферата на LTT-9779b е чудна. На овие пеколни температури таа треба да зоврие и да испари. Но, со оглед на тоа што сè уште е таму, изгледа како да е презаситен со метали и стакло.

Астрономите наведуваат и дека оваа егзопланета, според моделите, не би требало да постои. Имено, има 4,7 пати поголем радиус и 29 пати поголема од масата на Земјата, а околу својата ѕвезда слична на Сонцето прави круг за молскавично брзи 19 часа – што значи дека се наоѓа во зоната на „пустината на Нептун“.

Таканаречената пустина Нептун се однесува на областа во близина на ѕвездата, каде што орбитата е пократка од два до четири дена и каде што нема егзопланети со големина на Нептун. Во оваа зона е присутно силно зрачење од матичната ѕвезда; што значи дека планетите не можат да ја задржат својата гасовита атмосфера.

Тие обично испаруваат и останува само карпестото јадро. Научниците во оваа зона не наидуваат на планети со големина на Нептун, кој е околу 4 пати поголем од Земјата, , и затоа областа е наречена „Нептунска пустина“.

„Веруваме дека металните облаци и помагаат на планетата да преживее во жешката нептунска пустина. Облаците ја рефлектираат светлината и ја спречуваат планетата да стане премногу жешка и атмосферата да испари. Дополнително, поради високата содржина на метал, LTT-9779b има тешка атмосфера која не е толку лесно да се однесе“, објасни астрофизичарот Серџо Хојер од Марсејската астрофизичка лабораторија во Франција.

Истражувањето, насловено „Исклучително високото албедо на LTT ​​9779 b, откриено од Кеопс, беше објавено во списанието Astronomy & Astrophysics.

Поврзани новости