1K
Во терористичките напади, што се случија синоќа во центарот на Виена, е убиено и 21-годишно момче со потекло од струшко Велешта.
Според изјавите на членови на неговото семејството, момчето било излезено во кафуле заедно со неколку пријатели.
Како што веќе потврдија и тамошните власти, во Виена синоќа загина уште едно лице по потекло од Северна Македонија, односно од селото Челопек, но, тој беше еден од напаѓачите и беше застрелан од полицијата.