Во над 60 општини се намалило населението

by fokus

Вкупно 185 834 жители има помалку луѓе што живеат во земјава, во споредба со 2002 година, покажуваат податоците од пописот спроведен во септември 2021 година коишто беа објавени денеска.

Во 2002 година имало 2 022 547 жители, а сега сме 1 836 713.

Ако се споредат податоците од двата пописи во 66 општини се намалило населението, а најмногу во Гостивар, Кичево, Струга и Битола, што значи од земјава се иселуваат и Македонци и Албанци.

Населението се зголемило само во 14 општини, а тие општини сите се околу главниот град, Скопје.

Поврзани новости