Во МВР во моментот има 110 заразени со Ковид-19

by fokus

Вкупно 110 вработени во Министерството за внатрешни работи во моментот се заразени со Ковид-19, поради што се наоѓаат во изолација.

Од МВР за „Фокус“ велат дека бројот на заразени во изминатиот период се движи од 80 до 120, а според последните падатоци од 7 часот утринава, активно заразени се 110 вработени.

Комисијата за заштита од заразни болести пред неколку дена и предложи на Владата државната и јавната администрација да работи во смени или онлајн.

В.В.

Поврзани новости