Полицијата ја пронашла украдената статуа на легендарниот актер и мајстор во боречки вештини – Брус Ли, која во 2005 година била поставена во големиот градски парк во Мостар. Сторителот е уапсен, дознава порталот Klix.ba.
Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одделена од постаментот со пила и украдена.
Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.
Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи бистата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.
Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати бил мета на вандали кои неколкупати го оштетувале, па градските власти претходно го отстраниле за реновирање и доработка.