Властите во Москва ги одбиле барањата за протести како за противниците на руската инвазија на Украина, така и за приврзаниците на руските воени сили, а одбивањето го оправдале со пандемијата на корона вирус, се вели во соопштението.
Опозициската партија Јаблоко, меѓутоа, остро ја критикуваше инвазијата на Украина и претседателот Владимир Путин и најави дека ќе организира протест во Москва.
Според известувањата на независната новинска агенција Медуза, барања за протести имало и на приврзаниците на руската инвазија, којашто Кремљ ја нарекува „посебна воена операција“ во Украина.
Меѓутоа, луѓето неодамна излегоа на улиците во десетици руски градови за да демонстрираат против војната во Украина иако се соочија со апсења, високи казни и полициско насилство. Досега се затворени илјадници луѓе.
Во Москва градската администрација примила неколку барања за протести на кои би учествувале од 25 000 до 100 000 луѓе. Опозициската партија ги повикале противниците на војната во Украина да го објават своето спротивставување на социјалните мрежи и да организираат петиција.
Фото: ЕПА