80
Во Москва денеска е соборен температурниот рекорд поставен пред 107 години, бидејќи се измерени 32,5 степени.
„Температурата во Москва достигна 32,5 степени, што е за 0,3 степени повисока од претходниот рекорд, кој беше во 1917 година. Односно, пред 107 години“, изјави за Интерфакс Роман Вилфанд, научен директор на Хидрометеоролошкиот центар на Русија.
Тој појасни дека рекордната вредност за 3 јули во Москва била плус 32,2 степени.
Ден претходно во Москва беше соборен температурниот рекорд за 2 јули, поставен во 1890 година, бидејќи температурата надмина 32 степени.