108
Во Москва денеска е соборен температурниот рекорд, поставен пред 107 години, бидејќи се измерени 32,5 степени.
-Температурата во Москва достигна 32,5 степени, што е за 0,3 степени повисока од претходниот рекорд, кој беше во 1917 година, односно, пред 107 години, изјави Роман Вилфанд, научен директор на Хидрометеоролошкиот центар на Русија.
Тој појасни дека рекордната вредност за 3 јули во Москва била плус 32,2 степени.