Во моментот на пожарот во Универзалната сала немало никој, градбата ќе продолжи, рече министерката за култура

by Fokus

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска дојде пред Универзалната сала каде утрово избувна пожар. Таа изјави дек во моментот на избувнувањето на пожарот била празна и повика итно да се истражат причините за настанувањето на пожарот.

„Нема жртви, нема повредени, објектот беше празен. Пред да се продолжи со градба ќе се утврди релевантно причината, ќе се санира штетата и ќе се продолжи со градба. Сакам да потенцирам дека објектот беше осигуран“, рече таа.

Поврзани новости