Во моментот болнички се лекуваат 699 лица, од кои 412 се на кислородна поддршка

by Fokus

Во моментот во болниците се хоспитализирани 699 лица, од кои 412 се на кислородна поддршка, покажуваат последните податоци од Институтот за јавно здравје.

Во однос на симптоми пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (58,9%), кашлица (44,3%) и малаксаност (42,4%). Регистрирани се 70.171 (36,8%) асимптоматски случаи.

Во извештајот уште се наведува дека  во однос на коморбидитети, 46.518 лица имаат кардиоваскуларна болест, 15.219 дијабет, 6.646 биле со хронична белодробна болест и 18.840 со други хронични болести.

Пријавени се 1.370 случаи кај бремени жени (1,5% од пријавените во фертилен период ) и 9.031 (3,3%) случаи кај здравствени работници.

 

Поврзани новости