Во Молдавија втор самит на Европската политичка заедница: Ќе присуствуваат Ковачевски и Битиќи

by Fokus

Денес во Кишињев, Молдавија, ќе се одржи вториот самит на Европската политичка заедница на кои ќе учествуваат 47 лидери.

Меѓу учесниците ќе бидат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, како и на шесте држави од Западен Балкан, но и Ерменија, Азербејџан, Грузија, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија, Норвешка, Швајцарија, Турција, Украина, Велика Британија, Европската комисија, Европскиот совет, Европскиот парламент и други.

Од Северна Македонија, на самитот ќе учествува премиерот Димитар Ковачевски кој ќе биде придружуван од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој ќе учествува на тркалезна маса на тема за енергетиката и поврзаноста, а предвидено е да има и неколку билатерални средби меѓу кои со: претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, премиерката на Данска Мете Федериксен, домаќинот – премиерот на Молдавија Дорин Речан.

Поврзани новости