1K
Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска истакна дека во модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје сè уште не е примен пациент. Тој синоќа најави дека оваа болница се става во функција откако се пополнија сите слободни кревети на Инфективната Клиника.
Како што дознава „Фокус“, речиси до крај се исполнети и капацитетите за лекување на заразени од Ковид-19 во ГОБ „8 Септември“.
Филипче и денеска повтори дека здравствениот персонал може да одговори на потребите со оглед на тоа и дека на помош се дојдени доктори и сестри од Клиниката за пулмологија и алергологија, како и од Институтот за заболувања и туберкулоза.