Белоруските безбедносни сили за време на денешните протести во различни делови на Минск привеле околу 400 лица, јавија руските медиуми, цитирајќи ја прес службата на Министерството на внатрешните работи.
Од министерството забележаа дека протестите се завршени во речиси цела земја, освен во главниот град.
Претставникот на Општинскиот оддел за внатрешни работи на Градскиот извршен комитет на Минск, Наталија Ганусевич, за руските медиуми изјави дека нема информации дека во денешните протести во Минск имало жртви.
Некои медиуми лиферуваа видео, на кое се гледа како непознато лице во униформа оди кон група демонстранти, по што запира и пука со поштол кон нив, додека луѓето бегаат.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека предупредувачки истрел со пушка бил истрелан во воздух, кога речиси 100 демонстранти се обиделе да ослободат приведени лица од припадниците на полицијата.