Во Мексико убиена новинарка која била под заштита

by fokus

Мексиканската новинарка Лурд Малдонадо е убиена во северниот пограничен град Тихуана, соопштија властите, што е второ убиство на медиумски работник во оваа област во последните седум дена.

Малдонадо имала повеќедецениско искуство и била убиена во нејзиниот автомобил во предградието на Санта Фе, соопшти државното Обвинителство.

Убиството се случи помалку од седум дена откако почина фотографот Маргарито Мартинез, кој беше застрелан во главата пред неговиот дом во Тихуана.

Извор запознаен со случајот изјави дека Малдонадо била регистрирана во државната програма за заштита на новинарите, која вклучувала полициски надзор на нејзината куќа.

Малдонадо е трет убиен новинар во Мексико од почетокот на годината.

Во периодот од 2000 до 2021 година, групата за човекови права „Член 19“ регистрирала 145 убиства на новинари во Мексико, а седум се случиле минатата година.

Поврзани новости