432
– Обвинителството на Мексико денеска соопшти ддека пред два дена биле откриени и конфискувани 300 килограми таблети фентанил.
Дрогата била откриена во камион што превезувал кокосови ореви.
Мексико произведува најголем дел од фентанилот што влегува во САД, користејќи хемиски прекурсори увезени од Кина и од други места.
Во САД од предозирање со фентанил годишно има десетици илјади смртни случаи. Фенталинот е исклучително силна синтетичка дрога.