525
Највисока снежна покривка од 50 сантиметри утрово има во Маврово, на Попова Шапка е 38, а во Крушево 30 сантиметри.
Најниска темпертаура од -8 степени, пак, е измерена на Попова Шапка, во Маврово -6, Охрид, Битола и Крушево -4. Еден степен над нулата е Штип, Струмица и Демир Капија, во Скопје 3 степени, Дојран 4 и во Гевегелија 6 стпени.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во северните планински подрачја ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено во источните делови. Максималната температура ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне до 8 степени.