За околу два месеци Апелација ќе треба да одлучи дали првостепените пресуди за случаите „Таргет и Тврдина“ и „Трезор“, со кои беа осудени поранешни вработени во МВР и УБК, меѓу кои и Сашо Мијалков, ќе станат правосилни.
Поточно, седницата за „мајката на сите предмети“ на СЈО, „Таргет и Тврдина“, односно за незаконското масовно прислушување, е закажана за 7 март. Додека пак за случајот „Трезор“, седницата треба да се оддржи на 21 април, ни одговорија од Апелација.
Поточно, второстепениот суд може да ги потврди пресудите, да ги преиначи или да ги укине и да ги врати на повторно одлучување.
Пресудата на Кривичниот суд за „Таргет и Тврдина“, односно за нелегалното масовно прислушување во УБК, беше донесена лани во февруари, а со која порашниот директор на УБК, Мијалков, беше осуден на 12 години затвор, Гордана Јанкулоска на 4 години, Никола Бошковски и Горан Грујовски на 15 години, Тони Јакимовски на 6 години, Надица Николиќ на 3 години…
Првостепената пресуда за „Трезор“, кој се однесува на начинот на набавка на британска опрема за следење на комуникациите преку фирма-посредник од Скопје, пак, беше донесена два месеци подоцна, во април.
Мијалков беше осуден на 8 години затвор, Грујевски на 15 години, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ на пет години затвор.
Тој два дена пред Нова Година излезе од истражниот затвор „Скопје“, откако мерката притвор за случајот „Трезор“ му беше укината, односно Апелација му ја прифати гаранцијата од 11 милиони евра. Веднаш по тоа му беше одреден притвор за случајот „Плацеви на Водно“, но и оваа мерка беше укината од второстепениот суд.
В.В.