429
Според обработените податоци од Државната изборна комисија до 17 часот гласале 665,975 гласачи или 38,2 проценти.
Висока излезност е забележана во Македонски Брод 61,29 проценти, потоа Крива Паланка со од 61 отсто, Ранковце 58,56 проценти, Демир Капија со 60.28 отсто, во Неготино 55.98, Кавадарци 51.23, а во Росоман своето право на глас го оствариле 54 проценти од лицата запишани во единствениот избирачки список.
Ниска излезност има забележано во Желино со само 12,42%, Боговиње 14,04 %, потоа Врапчиште 15,83, Теарце 19,57%, Гостивар 19.59% и Пласница 20,40%.