573
Во Македонска Каменица уништен партиски билборд со ликот на носителот на листа во ИЕ 3, Љупчо Николовски. Прва на ваквата вандалска појава реагираше градоначалничката Соња Стаменкова.
-Чкртано, фарбано, нефарбано, јасно се познава кој човек е на фотографијата. Љупчо Николовски, носител на листата во ИЕ 3, е човекот со биографија чиста како солза, а неа не може да ја извалкате. Убава позитивна кампања наспрема кампања исполнета со омраза и поделба, истакна Стаменкова.
Со реакција за уништувањето на билбордите излегоа и од Општинската организација на СДСМ од Македонска Каменица.
За случајот се запознаени надлежните органи и Државната изборна комисија.