Во Македонија секој десетти тест за коронавирус е позитивен

by Fokus

Од 15 февруари до 3 март во земјава се тестирани вкупно 4.920 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 од кои 483 се позитивни.

Според оваа статистика на Институтот за јавно здравје, секој десетти тест е позитивен или 9,81% од вкупно направените.

Дел од тестираните материјали се од исти личности, како на пример од оздравените, кои се тестирани најмалку по три пати: кога е констатирано дека се заразени и два пати пред да бидат пуштени од болница.

Поврзани новости