441
Во моментов во Македонија се активни 15 пожари, а до крајот на јули биле регистрирани 164 шумски пожари, каде што изгореле 2.392 хектари шума или опожарена е дрвна маса од вкупно 11.169 кубици, соопштија од Македонски шуми.
– Денеска гори во Чашка кај Јасенова глава, во Караџица кај Градманци и Никиштани, во Скопје кај Маркова Река кај местото Бразда, во Тетово кај село Копаница и кај Жеден, во Кичево кај Лавчани, Прилеп кај Никодин и во Мариово, Кавадарци на вливот на Црна Река во Тиквешко Езеро кај селото Калишта и уште четири пожари во Македонски Брод – се наведува во соопштението.